недела, април 17, 2005

Back with a vengeance

Помина скоро месец дена како нема никаков апдејт, причината за тоа би била мојата преголема ангажираност во изминатиот период.

Што се случуваше во изминатите месец дена? Епа, една година сум постар т.е. сега сум 21, се работи интензивно на еден проект кој ќе го откријам набрзо, и плус на работа бев прилично ангажиран. Во сето време бев присутен во интернет светот и искрено ништо не видов да се промени.

Во последно време доста размислувам за нешто што би го искажал со „The heart and soul, where is the fire?“. Грото од луѓето што ги познавам се јаки на „збор“ и „мисла“, но им недостасува дејство. Бескрајниот проблем не можам да го лоцирам, иако сум пробал на моменти. Моите набљудувања би ми посочиле дека голем процент од тие луѓе се тешки интроверти без свое јас. До кога тие луѓе ќе диктираат правец и до кога особите кои всуштност превземаат нешто ќе ги посочуваат нив како „говорници на правдината“. Многу чудна ситуација.

Друго што се случува... На 22-ри април (петок) во клубот Вулкан ќе се одржи свирка на која ќе настапат Borgoth, Nihilist и гостите од Франција - Bloody Sign. Како организатор се јавуваат „Миракули на Грозомората“ со мото да се раздвижи Македонската „underground“ сцена. Околу свирката не би сакал ништо да коментирам, бидејќи многу често погрешно сум разбиран. Значи, овој петок се гледаме во Вулкан со по некое пиво во рака и добра метал забава.

Како за на крај порака до секој - „find the fire and unleash it“.

0 Коментари:

Објави коментар

<< Home