недела, март 13, 2005

Секс, Карти и Рок Фест 2005

Ако сте живееле во дупка последниве 2 недели, тогаш сигурно не знаете дека во Скопје се одржува Рок Фест v2005. Но, освен ако не сте биле пијани, издрогирани или на каков било друг начин спречени да дојдете на последните неколку изданија на Рок Фест, исто така знаете дека оваа (едно време) значајна манифестација прерасна во фешта каде не се знае кој пие, кој плаќа, кој свири, а најмалку кој е Најдобар (тм).

Нешто за Ништо

Знаете каде е Вулкан? Лошо прашање, сигурно знаете. Знаете ли кој излегува во Вулкан? Братучед ми, кој е 7-мо одделение, бланширан е и до пред година дена редовно ги гледаше сите можни шпански серии на нашите ТВ станици. Пивото во Вулкан е 70 денари. Мало (0,33) пиво. Згора на тоа, местото дали собира 300 луѓе максимум (спакувани к`то сардини). Треба уште нешто да се каже тука?

Епа зошто не на друго место?! Едноставно: Премногу се скапи. Единственото друго место каде би можел да се одржува Рок Фест е МКЦ, кој бара некоја баснословна сума пари за една вечер. Без озвучување. Тоа накнадно се плаќа. А како што сите многу добро знаеме, никој од Големите Спонзори (тм) не е расположен за давање пари на некоја „смешна“ манифестација каде учесниците всушност покажуваат колку добро умеат да свират (за разлика од поп-машинеријата на Чмарко Димитров (со секоја почит кон татко му и брат му)).

Кој пие, а кој плаќа

Имајќи го горе-споменатото во предвид, многу луѓе што одеа редовно на Рок Фест за да видат што ново се случува на Сцената (тм) се откажаа. Редовните Фаци (тм) си се препознаваат, понекогаш (кога нема да сакаат да се пробиваат низ гужвата) ќе си климнат со глава, некогаш ќе се напијат по едно пиво заедно и ќе кукаат колку оди се полека у курац и сл. И кој останува да гласа за бендовите? Па, младата, свежа Андрграунд (тм) крв. Која не е толку присутна (зошто и како, друг пат).

Затоа, подучени од дневнополитичките случувања во Државава (тм), Некои од новите бендови (посебно оние помалку квалитетните (читај: за кур не ги бива)) знаат да си донесат сопствена публика. Нормално, оние Добрите (тм) бендови го пушат редовно.

ОПШТ Повик за мобилизација

Но, драги мои, оваа година во финалето има дури 3 (со зборови: ТРИ) Метал бендови. Кои не си донесоа сопствена публика кога свиреа на квалификационите вечери. Ако се уште има некој од вас на кој му е гајле за тоа што и како се случува на македонска метал сцена, дојдете во четврток. Не ви кажувам за кого да гласате. Сепак, ова е еден од оние случаи каде „Најдобриот треба да победи“. Но сепак, ќе биде срамота ако и оваа година некој дилајла бенд ја донесе цела генерација од школо (нешто што се случи првата вечер оваа година (мислам, видов факинг средношколка што изгледаше како некоја факинг теткица со факинг крзнена бунда!!!)) и победи.

Изборот оваа година е едноставен:

1. Borgoth
2. Hardfaced
3. Victim Yield

Се друго е излишно.

3 Коментари:

Blogger Марко кажа...

Морам да се согласам, целата ситуација е таква. Едно што би сакал да го додадам е враќањето на метал доминацијата во рок фест. Тоа е доста позитивна работа. Секако би сакал да дадам уште еден апел до луѓето да бидат open-minded и ако решат да гласаат, да гласаат со сопствен разум.

13 март, 2005 23:47  
Anonymous ^KELES^ кажа...

I jas se soglasuvam .Ova nesto im go dolzime na site metal grupi vo Makedonia. Dajte barem ednas site metalci da zastanime obedineti .A za site onie koi ne se metalci , gi molam da glasaat za najdobrite a ne za onie koi ima se prijateli .

14 март, 2005 02:03  
Anonymous WhiteDeath кажа...

Бевме видовме гласавме! И избравме еден добар бенд. Иако јас гласав за кумановцаните. Но тоа не е битно. Битно е имаше што да се гледа таа вецер квалитетни групи иако озвучењето не беше баш нај добро. Само така нека се продолзи. со повеке бендови.

19 март, 2005 21:25  

Објави коментар

<< Home