сабота, март 12, 2005

Репорт: Мкметал Собир (11.03.2005)

Добро утро. Само што станувам и само што ми се активираше сивата мозочна маса (барем тоа што е останато од неа) и решив да напишам на блогов за вчерашниот собир.

Значи на собирот имаше околу 10 луѓе. Се започна со некое пиво пред соборниот и потоа се влезе во Вулкан за да се фати крајот на некој бенд. Ок, тука излегуваат на сцена „Фатаморгана“ кои имаат некој од бендот што иде на ММФ (али појма неам кој). И мојот коментар за нивната музика би бил „Клавијатурите! Откачете ги клавијатурите“. Исто така мислам дека песна околу „љубовтааа“ (да, вокалот беше ептен чкартен) и „ти раскинааав“ е многу чкартен барем за таков стил што пробуваат да свират Фатаморгана.

Потоа имаше некој панк бенд со националистички теми, што значи биринг и муабети таму кајшто е потивко. После нив беа Blossom Pint од Куманово,кој освен преработката од Alice in Chains, другото им беше горе доле баш кај просекот.

Дојдоа на сцена Vinterthrone (познати како Zintertrone) - младите мкметал блекерчиња. Искрено ептен бев зачуден од перформансот (можеби затоа што јас слушам тоа од блек метал). Нивната музика би ја сместил некаде во филмот на Dark Throne/Bathory/Hellhammer, исто така би сакал да искоментирам дека „Vinterthrone се доказ дека делото на Bathory живее и ќе продолжи да живее“. Мора да се согласам дека песната „Гори Паганскиот Оган“ е една од подобрите песни што сум ги чул во животов (кога се збори за блек метал). Замерка моја би било тоа што го рече и Бојан, дека со две гитари звучат подобро.

Гласањето заврши и излезе дека ниеден бенд од вчерашната вечер не влезе во финале. Ние продолживме малку на соборен кај фонтаната и тоа беше тоа. На собирот беа (извинете ако испуштам некои) јас, Бојан, Далибор, Келеш, Ико, Тему, Перо, Ели, Дарка, Димса, Фичо и уште тие што сум ги заборавил.

Поздрав до наредниот собир.

3 Коментари:

Anonymous Goldsmith кажа...

Шо бе, си отидовме ние и се растури собирот? Изгледа бевме the life of the party (*кашла*) :-)

Треба повеќе вакви собири, и тоа да бидат кога нема да биде под 0 температурата па да се настинува после.

12 март, 2005 19:06  
Anonymous Goldsmith кажа...

А, да, ќе заборавев: that's Zintertone. Без р.

Јако беше што имаше дерење у стил "Digithrone" у позадина.

12 март, 2005 19:09  
Blogger ivo кажа...

Bravo majstori!
Dobar start...

13 март, 2005 19:06  

Објави коментар

<< Home