понеделник, март 21, 2005

Знаењето е МОЌ!

Секој што се сомнева во исправноста на ова е добредојден да коментира. Аргументирано.

Знаење =/= информација. Информацијата е само информација, но дури откако ќе се процесира, спореди со други информации и „искомпајлира“, само тогаш може да стане знаење. Некои луѓе на ММФ зборуваа за тоа како не читале книги. Знаете ли кои биле Каин и Авел? И кое е нивното „значење“? И кои се тие денес што го носат „Белегот на Каин“? Не? Прочитајте нешто за нив. Во меѓувреме, еве ви една песничка:

Abel and Cain

Tribe of Abel: eat, drink and sleep,
you are the apple of god's eye
Tribe of Cain: you must creep
upon this dunghill 'till you die.

Tribe of Abel: burnt offerings from your race
flatter the nostrils of the seraphim
Tribe of Cain: knows nothing but disgrace,
and tortures that will never end.

Tribe of Abel: your seeds increase
and your cattle thrive,
Tribe of Cain: your guts never cease,
howling with hunger like an old dog

Tribe of Abel: come take your place
around the fireside of your kin
Tribe of Cain: out in the cold and shiver in the hole,
you miserable jackal

Tribe of Abel: be amorous and increase,
your gold will do likewise
Tribe of Cain: don't even try,
faint hearts may burn but grow not wise.

Tribe of Abel: feed and breed
like termites in a rotting tree
Tribe of Cain: shall bake its bread,
beside the road for all to see.

Tribe of Abel: your putrid flesh
shall fertilize the reeking earth
Tribe of Cain: your task is not yet done.

Tribe of Abel: behold your shame,
the sword is beaten by the stone,
Tribe of Cain: rise up to heaven
and knock god off that golden throne
!

сабота, март 19, 2005

Репорт: Мкметал собир (17.03.2005)

Како си поминавме на рок-фест финалето? Па можам да кажам дека доста фино си поминавме. Што се однесува до како што помина рок фестот оваа година, не сакам вооптшо да коментирам.


Од лево кон десно: (горен ред) Фабијанич, Sinner, Maelstrom, Јас, Ацо, Далибор
(долен ред) Temu, Келеш, Ели, Asphalt, Бојан, Belial

Исто така вечерта бевме придружени и од една перверзна двојка којашто можете да видите на сликата како му го гали „стапот“...


Можете да видите некои слики со кликнување на следниот линк -> Галерија на слики

четврток, март 17, 2005

Мкметал собир (17.03.2005)

Вечерва ќе се случи уште еден собир по повод (повторно) Рок Фест финална вечер. Сите што сакаат да дојдат, нека повелат (не сме канибалци).

Збирното место е фонтаната кај соборниот храм, во 20:15. Бидете таму.

среда, март 16, 2005

Another Day

Малку бев спор со упдејт некаков, поради тоа што два дена т.е. вчера и завчера бев на терен. Работам како систем администратор во Infinite Solutions и еден од нашите клиенти има систем што е стар повеќе од 5 години. Се работи за стари SPARC машини со NX оперативен систем. Овие два дена беше Me Vs. NX. На крај се испадна како што треба и повикот е затворен. Доста ве замарам што како ми се случувало, да преминам на тоа што сакам да го кажам.

Во последно време честа тема ни е Рок Фест-от, така да утре ќе се случи и финалето. Што се очекува од крајниот резултат е многу несигурно. Искрено по мое мислење ниту еден од бендовите не е спремен да се соочи со настапување во живо. Иако се работи за т.н. демо бендови, сепак мислам дека денешниот менталитет и начин на размислување го уназадува целиот процес на постанување бенд. Не очекувам многу енергија да се расфрли низ просторот, но секогаш постои и тронка надеж дека тоа ќе се случи.

Настрана од сето тоа, мојот фаворит би бил Victim Yield, единствено нешто што може да ме разочара е нивниот настап, кој верувам дека ќе биде добар во некои граници. Што се однесува до другите бендови, ќе биде интересно да се види што Borgoth и Hardfaced би направиле. За другите бендови нема да коментирам, бидејќи мислам дека попусто ќе трошам зборови.

Инаку во последно време би сакал да ги издвојам следните работи што вртат на моите носачи на звук:

Impaled - Death After Life, gore албум во стилот на Heartwork од Carcass, одлична прогресија на Impaled...

Cianide - Hell's Rebirth, не знам колку имаат чуено за старите Чикашки death металци Cianide? Овој албум комплетно ме остави без зборови...

Gorefest
- Erase, некои работи остануваат засекогаш во историјата како ремек дела

Толку сега за сега, се гледаме утре.

недела, март 13, 2005

Секс, Карти и Рок Фест 2005

Ако сте живееле во дупка последниве 2 недели, тогаш сигурно не знаете дека во Скопје се одржува Рок Фест v2005. Но, освен ако не сте биле пијани, издрогирани или на каков било друг начин спречени да дојдете на последните неколку изданија на Рок Фест, исто така знаете дека оваа (едно време) значајна манифестација прерасна во фешта каде не се знае кој пие, кој плаќа, кој свири, а најмалку кој е Најдобар (тм).

Нешто за Ништо

Знаете каде е Вулкан? Лошо прашање, сигурно знаете. Знаете ли кој излегува во Вулкан? Братучед ми, кој е 7-мо одделение, бланширан е и до пред година дена редовно ги гледаше сите можни шпански серии на нашите ТВ станици. Пивото во Вулкан е 70 денари. Мало (0,33) пиво. Згора на тоа, местото дали собира 300 луѓе максимум (спакувани к`то сардини). Треба уште нешто да се каже тука?

Епа зошто не на друго место?! Едноставно: Премногу се скапи. Единственото друго место каде би можел да се одржува Рок Фест е МКЦ, кој бара некоја баснословна сума пари за една вечер. Без озвучување. Тоа накнадно се плаќа. А како што сите многу добро знаеме, никој од Големите Спонзори (тм) не е расположен за давање пари на некоја „смешна“ манифестација каде учесниците всушност покажуваат колку добро умеат да свират (за разлика од поп-машинеријата на Чмарко Димитров (со секоја почит кон татко му и брат му)).

Кој пие, а кој плаќа

Имајќи го горе-споменатото во предвид, многу луѓе што одеа редовно на Рок Фест за да видат што ново се случува на Сцената (тм) се откажаа. Редовните Фаци (тм) си се препознаваат, понекогаш (кога нема да сакаат да се пробиваат низ гужвата) ќе си климнат со глава, некогаш ќе се напијат по едно пиво заедно и ќе кукаат колку оди се полека у курац и сл. И кој останува да гласа за бендовите? Па, младата, свежа Андрграунд (тм) крв. Која не е толку присутна (зошто и како, друг пат).

Затоа, подучени од дневнополитичките случувања во Државава (тм), Некои од новите бендови (посебно оние помалку квалитетните (читај: за кур не ги бива)) знаат да си донесат сопствена публика. Нормално, оние Добрите (тм) бендови го пушат редовно.

ОПШТ Повик за мобилизација

Но, драги мои, оваа година во финалето има дури 3 (со зборови: ТРИ) Метал бендови. Кои не си донесоа сопствена публика кога свиреа на квалификационите вечери. Ако се уште има некој од вас на кој му е гајле за тоа што и како се случува на македонска метал сцена, дојдете во четврток. Не ви кажувам за кого да гласате. Сепак, ова е еден од оние случаи каде „Најдобриот треба да победи“. Но сепак, ќе биде срамота ако и оваа година некој дилајла бенд ја донесе цела генерација од школо (нешто што се случи првата вечер оваа година (мислам, видов факинг средношколка што изгледаше како некоја факинг теткица со факинг крзнена бунда!!!)) и победи.

Изборот оваа година е едноставен:

1. Borgoth
2. Hardfaced
3. Victim Yield

Се друго е излишно.

сабота, март 12, 2005

Репорт: Мкметал Собир (11.03.2005)

Добро утро. Само што станувам и само што ми се активираше сивата мозочна маса (барем тоа што е останато од неа) и решив да напишам на блогов за вчерашниот собир.

Значи на собирот имаше околу 10 луѓе. Се започна со некое пиво пред соборниот и потоа се влезе во Вулкан за да се фати крајот на некој бенд. Ок, тука излегуваат на сцена „Фатаморгана“ кои имаат некој од бендот што иде на ММФ (али појма неам кој). И мојот коментар за нивната музика би бил „Клавијатурите! Откачете ги клавијатурите“. Исто така мислам дека песна околу „љубовтааа“ (да, вокалот беше ептен чкартен) и „ти раскинааав“ е многу чкартен барем за таков стил што пробуваат да свират Фатаморгана.

Потоа имаше некој панк бенд со националистички теми, што значи биринг и муабети таму кајшто е потивко. После нив беа Blossom Pint од Куманово,кој освен преработката од Alice in Chains, другото им беше горе доле баш кај просекот.

Дојдоа на сцена Vinterthrone (познати како Zintertrone) - младите мкметал блекерчиња. Искрено ептен бев зачуден од перформансот (можеби затоа што јас слушам тоа од блек метал). Нивната музика би ја сместил некаде во филмот на Dark Throne/Bathory/Hellhammer, исто така би сакал да искоментирам дека „Vinterthrone се доказ дека делото на Bathory живее и ќе продолжи да живее“. Мора да се согласам дека песната „Гори Паганскиот Оган“ е една од подобрите песни што сум ги чул во животов (кога се збори за блек метал). Замерка моја би било тоа што го рече и Бојан, дека со две гитари звучат подобро.

Гласањето заврши и излезе дека ниеден бенд од вчерашната вечер не влезе во финале. Ние продолживме малку на соборен кај фонтаната и тоа беше тоа. На собирот беа (извинете ако испуштам некои) јас, Бојан, Далибор, Келеш, Ико, Тему, Перо, Ели, Дарка, Димса, Фичо и уште тие што сум ги заборавил.

Поздрав до наредниот собир.

петок, март 11, 2005

Мкметал собир!

За тие што не знаат, мкметал т.е. #mkmetal, е IRC канал кој постои веќе 4 години и резигнира на undernet мрежата. За да пристапите на него ви е потребен некој IRC клиент како на пример mIRC, X-chat и сл.

Македонски метал форуми (ММФ) е форум за разговарање и дебатирање преку систем на постирање. Неговата цел е да им овозможи на мкметалците и сите останати љубители на металот, да можат да си ги искажат своите мислења и сл. Исто така е јавно гласило за сите случувања како и на домашната метал сцена, така и на светската.

Многу често се случуваат т.н. Мкметал собири (Mkmetal soBeer) на кои луѓето кои што се знаат само преку монитор т.е. преку интернет, можат да се запознаат и да се дружат. Известувањата за овие собири се или на канал, или на форум, а од денеска ќе се соопштуваат и на овој блог.

Значи по повод 20000 пораки на ММФ и по повод настапот на некои од мкметалците на овогодишниот рок фест, вечер (11.03.2005) ќе има собир. Збирното место е во 20:15 часот кај фонтаната кај Соборниот храм. Потоа ќе се оди во клубот „Вулкан“ за да видиме што имаат мкметалците спремно да понудат.

Се гледаме вечер!

Нов член на disincarnates

Од денеска на disincarnates chaosphere се придружи Пецо, познат на интернет јавноста како Vortex666. Исто така и Пецо ќе биде администратор на овој блог.

Ако некој сака да се придружи на овој блог може да се обрати на некој од нас и ние ќе размислиме дали може да биде дел од овој блог. Единствена квалификација што треба да ја задоволува некој пред да се пријави е да биде Мкметалец (tm).

четврток, март 10, 2005

Дали сурфате?

Кој е барем малку упатен во светот на информатиката, особено во глобалната мрежа т.н. интернет, сигурно чул/знае/користи Mozilla Firefox. Ако се навратиме малце кон минатото, кога започна масовната употреба на користење на т.н. интернет прелистувачи (eng. internet browsers), една компанија, конкретно Netscape ја предвиди иднината на интернет мрежата и го создаде популарниот Netscape Navigator.

Знам од мое лично искуство кога седев пред мојот персоналец и сурфаф на интернет користејќи го Netscape Navigator, бев комплетно воодушевен од тоа што тој прелистувач ми овозможуваше, а тоа на кратко е: безбедно, брзо и ефикасно добивање на страната која сакате да ја видите. Се беше во ред, се беше извонредно додека софтверскиот гигант Microsoft се почеша зошто некој друг да ги зема парите, кога можат тие. Единствен начин да го обори митот на Netscape Navigator беше да го вгради својот прелистувач во оперативниот систем Windows и да го наложуваат свесно/несвесно. Дали им успеа?

Да, Microsoft успеа не само да го превземе пазарот, туку и да го уништи Netscape. Во тоа време оваа „битка“ беше позната како „Војна на прелистувачите“ (eng. "Browser Wars"). Крајниот победник беше Microsoft, или не?

Благодарение на едно научно дело „Катедралата и пазарот“ (eng. "The Cathedral and the Bazaar") Netscape го превзеде еден од „најризичните“ чекори, прифати да го префрли нивниот прелистувач на open-source лиценца. Со тоа се оформи непрофитабилната организација Mozilla.

Mozilla до пред некоја година само го произведуваше Mozilla Suite што е всушност прелистувач, e-mail клиент, irc клиент и newsgroup прелистувач. Но, Mozilla се решија на многу голем и решителен чекор да направат интернет прелистувач кој „ке го врати интернетот во служба на корисникот“. Отпрвин тој прелистувач беше наречен Firebird, но подоцна беше прекрстен во Firefox.

Ако сте корисник на Internet Explorer, сигурно ве нервираат pop-up прозорците, најразличните малициозни spyware програми и сите најразно разни проблеми (сум слушнал многу). Дали знаете кој е одговорот на вашиот проблем? Дали сакате да осетите што е да се сурфа на интернет?

Одговорот е Mozilla Firefox! <- Windows корисници кликнете на линкот или на копчето што се наоѓа во долниот десен корнер на овој блог.

СТРИПОВИ!

Welcome one and all... Како што претходно спомна Марко, тука ќе зборуваме за се по нешто.

Една од темите (на кои јас ќе пишувам) се стриповите.

Ако филмот е седмата уметност, стрипот е втора :-) Барем за мене. Ги читам од својата четврта година. Се почна кога научив да читам, и мајка ми, со цел да ми најде што повеќе материјал за читање (читај: да ми најде занимација за да не и досаѓам по цел ден) ми купи Стрипотека. Сега, секој што има претстава што е Стрипотека, ќе каже „WOW! Закон!“, но на тој број, на насловната страна го имаше Изногуд, кој сигурно и делувал како интересен стрип за деца. Она што мајка ми не го знаеше, а јас немав намера да и кажам, е дека во таа Стрипотека ја имаше првата топлес жена што некогаш сум ја видел. Конкретно, станува збор за АХА (пост-апокалиптичен стрип во кој главниот лик, АХА, се шета наоколу во бикини (во повеќе од неколку броја беше топлес) од кожа и со меч тепа мутанти).

И така почна заразата. Тука беа посебните изданија на Тарзан (тогаш на МТВ ја даваа анимираната серија), ЗагорЧико), Блек Стена (и неизбежните професор Окултис и Роди) и Алан Форд (знам, ги заборавам Капетан Мики, Командант Марк, Текс Вилер, Мистер Но и сл. ама тие никогаш не сум ги сакал).

Потоа, малку потпораснав и се префрлив на Марти Мистерија (темата, во 90% од случаите беше разни теории на заговор, вонземјани и историски шпекулации) и неповторливиот Дилан Дог (Детективот на невозможното кој се бавташе со убивање зомбија, вампири, врколаци и слични гадинки, секс и свирење на кларинет). Тука секако вреди да се спомнат стрип изданијата (во екс-Југославија) како GIGANT, Eks, Horror и Политикин Забавник (каде можеа да се најдат Модести Блејз, Рип Кирби, Лик Орион, Џеремаја, Корто Малтезе, Мандрак, Фантом, Зомби, Дракула, Спајдермен, Тор, како и еден тон независни европски изданија).

Disincarnates chaosphere

Добредојдовте (не)случајни посетители на овој блог.

На кратко, што е овој блог?
Блогот е креиран со замисла да биде медиум за широките маси. Во овој блог планирано е учествуваат повеќе луѓе како контрибутори, а секако дека и секој посетител може да остави коментар во врска со секој напис.

Што се ќе биде содржина?
Темите за кои ќе се пишува ќе бидат од секој аспект: култура, уметност, социјални, философија, окулт, религија, информатика, музика... Исто така ќе има најразноразни известија, предлози и сл. Не се зачудувајте да видите натпис во кој ќе има слики и репорти од некој собир со пријатели, мкметалци, ммф-џии :) и сл.

Кој се администратори?
Моментално во тимот сме јас (Марко) - познат на интернет јавноста како Ramzes, и Бојан - strAngel, во продолжение, додека нема друго известување, ние сме/ќе бидеме администратори на овој блог.

Благодарам за вашето (не)трпение :)