понеделник, јуни 20, 2005

Frozen in time...

четврток, мај 12, 2005

Blessing

петок, април 22, 2005

It has arrived!


PRESENTS
Конечно и се случи - промоција на првиот студиски албум на Македонскиот метал бенд Nihilist, како и првото издание на првата Македонска метал издавачка куќа - Metal Forge. Промоцијата ќе се оддржи на 23.04 (сабота) во 12:00, во просториите на Record Records (позади Forum). Исто така, бендот ќе го промовира албумот и на клубската свирка организирана од „Миракули на грозомората“, во клубот „Вулкан“, овој петок (22.04) како гости на Францускиот бенд Bloody Sign. Цената на изданието ќе биде 350 денари, а за сите што ќе го купат во сабота ќе им следи и поклон беџ.

Support cause support is needed!

недела, април 17, 2005

Back with a vengeance

Помина скоро месец дена како нема никаков апдејт, причината за тоа би била мојата преголема ангажираност во изминатиот период.

Што се случуваше во изминатите месец дена? Епа, една година сум постар т.е. сега сум 21, се работи интензивно на еден проект кој ќе го откријам набрзо, и плус на работа бев прилично ангажиран. Во сето време бев присутен во интернет светот и искрено ништо не видов да се промени.

Во последно време доста размислувам за нешто што би го искажал со „The heart and soul, where is the fire?“. Грото од луѓето што ги познавам се јаки на „збор“ и „мисла“, но им недостасува дејство. Бескрајниот проблем не можам да го лоцирам, иако сум пробал на моменти. Моите набљудувања би ми посочиле дека голем процент од тие луѓе се тешки интроверти без свое јас. До кога тие луѓе ќе диктираат правец и до кога особите кои всуштност превземаат нешто ќе ги посочуваат нив како „говорници на правдината“. Многу чудна ситуација.

Друго што се случува... На 22-ри април (петок) во клубот Вулкан ќе се одржи свирка на која ќе настапат Borgoth, Nihilist и гостите од Франција - Bloody Sign. Како организатор се јавуваат „Миракули на Грозомората“ со мото да се раздвижи Македонската „underground“ сцена. Околу свирката не би сакал ништо да коментирам, бидејќи многу често погрешно сум разбиран. Значи, овој петок се гледаме во Вулкан со по некое пиво во рака и добра метал забава.

Како за на крај порака до секој - „find the fire and unleash it“.

понеделник, март 21, 2005

Знаењето е МОЌ!

Секој што се сомнева во исправноста на ова е добредојден да коментира. Аргументирано.

Знаење =/= информација. Информацијата е само информација, но дури откако ќе се процесира, спореди со други информации и „искомпајлира“, само тогаш може да стане знаење. Некои луѓе на ММФ зборуваа за тоа како не читале книги. Знаете ли кои биле Каин и Авел? И кое е нивното „значење“? И кои се тие денес што го носат „Белегот на Каин“? Не? Прочитајте нешто за нив. Во меѓувреме, еве ви една песничка:

Abel and Cain

Tribe of Abel: eat, drink and sleep,
you are the apple of god's eye
Tribe of Cain: you must creep
upon this dunghill 'till you die.

Tribe of Abel: burnt offerings from your race
flatter the nostrils of the seraphim
Tribe of Cain: knows nothing but disgrace,
and tortures that will never end.

Tribe of Abel: your seeds increase
and your cattle thrive,
Tribe of Cain: your guts never cease,
howling with hunger like an old dog

Tribe of Abel: come take your place
around the fireside of your kin
Tribe of Cain: out in the cold and shiver in the hole,
you miserable jackal

Tribe of Abel: be amorous and increase,
your gold will do likewise
Tribe of Cain: don't even try,
faint hearts may burn but grow not wise.

Tribe of Abel: feed and breed
like termites in a rotting tree
Tribe of Cain: shall bake its bread,
beside the road for all to see.

Tribe of Abel: your putrid flesh
shall fertilize the reeking earth
Tribe of Cain: your task is not yet done.

Tribe of Abel: behold your shame,
the sword is beaten by the stone,
Tribe of Cain: rise up to heaven
and knock god off that golden throne
!

сабота, март 19, 2005

Репорт: Мкметал собир (17.03.2005)

Како си поминавме на рок-фест финалето? Па можам да кажам дека доста фино си поминавме. Што се однесува до како што помина рок фестот оваа година, не сакам вооптшо да коментирам.


Од лево кон десно: (горен ред) Фабијанич, Sinner, Maelstrom, Јас, Ацо, Далибор
(долен ред) Temu, Келеш, Ели, Asphalt, Бојан, Belial

Исто така вечерта бевме придружени и од една перверзна двојка којашто можете да видите на сликата како му го гали „стапот“...


Можете да видите некои слики со кликнување на следниот линк -> Галерија на слики

четврток, март 17, 2005

Мкметал собир (17.03.2005)

Вечерва ќе се случи уште еден собир по повод (повторно) Рок Фест финална вечер. Сите што сакаат да дојдат, нека повелат (не сме канибалци).

Збирното место е фонтаната кај соборниот храм, во 20:15. Бидете таму.